Ефтов: Не е во прашање промена на името, во прашање е нешто многу поголемо

Авторот на емисијата „Во центар“ која по десетина години емитување сега не оди на ниту една телевизија смета дека силните дипломатски напори и притисокот кон Македонија нема за цел да донесе до промена на името туку и нешто повеќе.

Од изборите во Скопје ќе зависи кој ќе прогласи победа на локалните избори. За да отпочне процесот на рушење на Груевски внатре во ВМРО, таа партија треба да изгуби во Скопје. За да се решава името и сѐ во пакет со соседите, Груевски треба да биде сменет во ВМРО, пишува на својот профил, новинарот Васко Ефтов.

Новинарот додава дека ова што сега се случува е подготовка на теренот за тоа, а основата е ВМРО да не победи во Скопје. Предвидува дека ќе бидат атакувани старите полициски структури на ВМРО, со многу пари и закани од СЈО. Ефтов додава дека следниот чекор ќе биде атак врз соработниците на Груевски, од времето кога беше премиер, за на крај да се нападне и врз оние, како што вели Ефтов, кои даваат мускули во изборниот процес.

– Нив ќе им ја продаваат приказната дека “мајката му е Путин” и дека веќе не се трпат понижувањата од Бејли. И сето тоа треба да донесе до посакуван резултат во Скопје. Тоа е редоследот: Пораз на ВМРО во Скопје, смена на Груевски и на крај преговори за смена на името. Дали тоа ќе биде крајот? Не знам ќе видиме. Ваква тешка артилерија не се покренува само за промена на името. Ваква голема сила се става во функција за нешто многу повеќе од името!, вели Ефтов.

Дел од варијантите кои што за македонските граѓани се полоши од менување на името е целосна федерализција на Македонија или пак поделба на земјата меѓу соседите, опции за кои Ефтов не зборува директно.

SHARE

Comments are closed.