Новиот машки Европски ракометен првак Вардар се приклучил на иницијативата во која во моментов се десет клубови кои сакаат да се одметнат од Европската ракометна федерација и да формираат своја лига, по принцип на кошаркарската Евролига. Основната причина се парите зошто сите се сложуваат дека наградата од половина милион евра за шампионот или 250 илјади за финалистот се премалку во однос на тоа што ЕХФ го заработува од своето главно клупско натпреварување. ЕХФ може да го запре овој процес, но само ако веднаш ги зголеми наградите и добивката на клубовите.

Дански медиуми пишуваат дека во Келн во време на Фајнал форот дошло до состанок на претставници на најголемите ракометни клубови на денешницата и до интензивирање на преговорите со медиумскиот гигант ИМГ кој ги бара правата за преносите од 2020. година кога актуелниот договор истекува. Низ оваа првична фаза од разговорите провејува идејата за лига од 14-16 екипи кои би играле во двокружен бод систен, кој на крајот би завршил со Ф-4 турнир.

Дека сето ова не е шега и дека во ЕХФ се ќе се искомплицира говорат имињата на клубовите кои се дел од иницијативата: Вардар, Барселона, Кил, Киелце, Флензбург, Цеље, Монпеље, Веспрем, Колдинг и Шафхаузен. Најавите велат дека и неколку други екипи размислуваат да се приклучат.

SHARE