Жак Хоудек разочаран од соседите

И покрај општиот впечаток дека хрватскиот претставник на овогодинешната Евровизија во Кеив, Жак Хоудек понуди добра песна и одлична изведба заврши на 13. место што е далеку од очекувањата. Откако се освести 36 годишникот од Велика Горица сватил дека погубни за него и неговата нумера Мај френд биле, пред се, соседите.
Хоудек заврши со 128 бода и надвор од топ десет, но самиот вели дека е шокиран што жири комисиите на 4 соседи на неговата земја: Словенија, Италија, Србија и Унгарија не му доделиле ниту еден бод.
“Скандинавците без исклучок гласаат за соседите, тие од медитеранот исто, а и источните претставници можат да сметаат на поени од опкружувањето. Само ние од овој простор не. Навистина чудно” вели Хоудек.

SHARE