Жан Клод Јункер доаѓа во недела

Loading...

Првиот човек на Европската комисија Жан Клод Јункер во недела доаѓа во Скопје, и ќе остане само неколку часа, тврди ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што брифираат овие извори, тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, но и со други политички фактори во земјава. Засега најверојатно е извесно дека ќе има заедничка прес конференција на Заев и Јункер, на која ќе се изнесат деталите од средбата.

Доаѓањето на Јункер најверојатно ќе претходи на најавеното доаѓање на Коѕијас, кој треба да му го предаде нацрт-договорот за решавање на спорот на колегата Димитров.