Жена со боксови напаѓа „пајак“ (ВИДЕО)

Видно изнервирана зашто ѝ го подигнале приватниот „голф“, жена со боксови го нападнала возилото „пајак“, а видеото постирано вчера е вистински хит на социјалните мрежи.

Не е познато кога е ова снимено, но видео-материјалот се споделува само неколку дена по инцидентот кога полицајка беше нападната од сопственик на џип кај Мавровка, во кој како „трето лице“ беше вмешан и „пајак“ во кој полицајката наводно се удрила и се повредила…