Жените Албанки контра полово – политичка дискриминација, ќе организираат протести

Жените Албанки барааат политичките партии на Албанците во Македонија да го почитуваат законот за учество на минмимум  30 % жени во сите институции. На трибината на тема „Жените се столб на општеството“ што се одржала во Дебар тие најавиле дека доколку оваа дискриминација не запре  ќе излезат на протести.

Активистката Ѓуле Челику вели  дека жените не се задоволни од нивното учество во извршната власт.

„Во новата влада бројот на жените Албанки е минимален. Таква е состојбата и на жените во другите централни и локални институции“, потенцирала Челику.

„Во општеството жените секогаш се столб, но имаат минимален број места  во институциите. Имаме поддршка од амбасадите кои се во Македонија и ќе бараме целосно правата на жените да се почитуваат“, вели Челику, пренесува порталот точка.мк.

Жените Албанки ќе бараат со новиот закон жените да се учесници во институциите 50-50 % во сооднос со мажите.

За активистката Арбана Ќормемети  како во Дебар така и во другите градови и покрај тоа што има голем број жени интелектуалки, тие во Советот на општината и во локалните институции не не се соодветно застапени.

„Таа состојба треба да се промени веднаш“, бара Ќормемети.

Организаторите на трибината најавиле формирање независни форуми на жени во сите градови на Македонија со цел еднаш засекогаш да се почитуваат правата на жените и во сферата на политиката и општеството во целина.

SHARE