Жешка дипломатска зима: какво име за Македонија?

Joint statements after a meeting between the Minister of Foreign Affairs of Greece Nikos Kotzias and Minister of Foreign Affairs of FYROM Nikola Dimitrov, in Athens, on June 14, 2017 / Κοινές δηλώσεις μετά την συνάντηση του Υπουργού Εξωτερικών Νίκου Κοτζιά με τον Υπουργό Εξωτερικών της ΠΓΔΜ Nikola Dimitrov, στην Αθήνα, στις 14 Ιουνίου, 2017

Во наредните неколку недели Грција ќе се најде во интензивни дипломатски процеси меѓу кои и она за името на пЈРМ.

Постојат некои претпоставки дека не е исклучено дека ако разговорите за името меѓу Скопје и Атина се прекинат, самата пЈРМ да предложи  име во ОН, наведувајќи дека го решава проблемот и официјално да бара членство во НАТО.

Доколку тоа се случи, тоа ќе претставува опасен потрес за владата во Атина, стои во анализата на грчки портал потпишана од авторот Сотирис Сидерас.

На 11 декември медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Василакис и Наумовски ќе се состанат во Њујорк за да ги започнат разговорите што ќе траат до почетокот на летото. САД, НАТО и воопшто главните земји сакаат решение и членство на пЈРМ во Алијансата на самитот во јули

Заедничката политичка позиција на повеќето партии во Грција се приближува кон сложено име што ќе важи за севкупна употреба. Ова значи дека со новиот договор треба да се смени уставното име „Република Македонија“”, а тоа треба да се направи со ревидирање на уставот.

САД не се многу заинтересирани за име за секаква употреба (erga omnes), туку за договор со што ќе се стави крај на целото прашање.

Името Горна Македонија не е прифатливо за  Бугарија, а многумина не го сакаат тоа ни во Грција. Името Нова Македонија, од пакетот на Пињеиро, одново се враќа како најприфатливо решение бидејќи името Нова Македонија ги исклучува врските со историска Македонија.

Но, целото прашање не се исцрпува тука! Постојат и други отворени прашања и процедури.

На пример, прашање е дали договорот ќе вклучува двојно име – име за меѓународни односи и уставното, што за Грција е неприфатливо.

Третата точка од преговорите, за која никој не разговара во моментов, е дали прашањето за името ќе се дискутира изолирано од јазикот на нацијата и од името на трговските продукти.

Дали сето ова ќе биде во пакет или ќе се дискутира само за името со цел пЈРМ да се приклучи на НАТО, а остатокот да се дискутира понатаму, прашува Сидерис.

Прашањето на имињата на брендовите е од витално значење за илјадниците бизниси во северна Грција, кои произведуваат стотици производи како македонска алва, вино и друго, бидејќи очигледно е дека ќе стане вистинска мешаница во случај Македонија да има право и на некој начин да ги нарекува „македонски“ своите производи.

Следствено, кога ќе се постигне договор,  ќе биде ставен на гласање, но тоа не може да се направи ако постои согласност само за името, а не и за другите прашања споменати погоре, освен ако сите страни не се согласат.

Ако не, лесно е опозицијата да одбие да гласа за половичен договор.