Захариева до ЕУ: До крајот на годинава Бугарија да влезе во Шенген

Бугарија ја повика Германија и уште четири европски земји да ги кренат внатрешните гранични контроли внатре во ЕУ, воведени во текот на бегалската криза.

Би било „многу корисно“, ако Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка која не е членка на ЕУ да донесат одлука да не го продолжуваат дејството на граничната контрола и по мај оваа година, кога истекува рокот на привремената мерка, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева пред германскиот „Ди Велт“.

„Граничниот контрола внатре во ЕУ спротивна на европските вредности за слободно движење“ вели бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и додава дека границите во Шенген зоната треба да останат отворени за да не страда економијата.

Во исто време Захариева повика земјите од ЕУ до крајот на 2018 година да дадат зелено светло за влезот на Бугарија во Шенген.

„Ги исполнуваме сите критериуми и правиме многу, за да ги чуваме надворешните граници на ЕУ“ вели Захариева и уверува дека  Бугарија, но и Романија заслужуваат да бидат прифатени во Шенген зоната.