Loading...

Неколку илјади демонстранти излегоа денеска на улиците на Загреб за да го изразат своето несогласување на Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жените.

Според полициски проценки боројот на демонстрантите бил околу 5.000 до организаторите тврдат дека биле барем десетпати повеќе.

Демонстрантите пееја песни додека маршираа и извикува слогани против Истанбулската конвенција, европскиот договор усвоен од конзервативната влада на Хрватска претходно оваа недела, кој треба да биде ратификуван во хрватскиот Сабор.

Според овој договор родот се дефинира како „општествени улога, однесување, активности и карактеристики што одредено општество го смета за соодветно за жените и мажите“.

Противниците на Истанбулската конвенција сметаат дека европскиот договор воведува „трет род“ со што индиректно се легализираат геј браковите.

Организаторот на протестот Кристина Павловиќ изјави за Ројтерс дека договорот претставува „пресвртна точка за Хрватска“, кога земјата треба да одлучи дали ќе избере „зачувување на семејните и традиционалните вредности или ќе оди по еден друг пат наметнат однадвор“.

Организаторот на протестот Кристина Павловиќ изјави за Ројтерс дека договорот претставува „пресвртна точка за Хрватска“, кога земјата треба да одлучи дали ќе избере „зачувување на семејните и традиционалните вредности или ќе оди по еден друг пат наметнат однадвор“.

Од говорницата на плоштадот „Бан Јелачиќ“ Европската унија беше обвинета за обид да ја „освои“ католичката држава со либерални политики.

„Тие велат дека сме назадни, бидејќи веруваме во Бога“, рече Гордана Туриќ, поранешен пратеник според која „Истанбулската конвенција е против христијанството“.пренесе  Асошиетед прес.

Хрватската влада го повика парламентот да го ратификува договорот, но усвои посебна изјава во која се вели дека нема да ја промени хрватската правна дефиниција за бракот како заедница помеѓу маж и жена.