Прв најзначаен бенефит од праската се бета-каротените во нејзиниот состав. Овие пигменти во организмот се претвораат во ретинол (витамин А) и го чуваат и подобруваат видот. Во последно време се прават се повеќе испитувања кои овие пигменти ги линкуваат со заштита од штетните сончеви зраци, а се препорачуваат и како терапија кај лица сензитивни на сончеви зраци. Праските комотно може да бидат дел од вашиот хранлив заштитен фактор.


Содржат Ц витамин. Моќен антиоксиданс и есенцијален витамин за здравјето на кожата. Овој витамин учествува во создавање на колаген. Колку повеќе Ц витамин, толку помалку брчки, а можете да примите големи количини Ц витамин од една голема праска.
Според поновите истражувања полифенолите од праската може да имаат успорувачко дејство врз клетките од ракот на дојка, а исто така и врз метастатските депозити. Иако истражувањето било спроведено врз експериментални животни, сепак докторите пресметале дека со барем 3 праски на ден може да се постигне задоволително ниво од овие полифеноли во организмот.

SHARE