Заев: Бараме ново име за државата

Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за црногорската АнтенаМ изјави дека се бара ново име на државата.
„Верувам дека ќе најдеме ново име и начин како да го употребуваме и какво тоа ќе биде. На крај она што е многу важно за нас да најдеме решение за името затоа што не само што добиваме покана за членство во НАТО туку и старт на преговорите со Европската Унија“.
Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот меѓу другото рече дека не се работи за ревизија на историјата туку за градење пријателство и во таа насока да се избегнуваат зборови како „бугарски фашистички окупатор“ или „Егејска Македонија“ кои можат да бидат сфатени како непријателски…
Видеото беше поставено на Јутјуб и предизвика огромно внимане на социјалните мрежи

Оставете коментар