Македонски политичари на банер пред ОН (ГАЛЕРИЈА)

Со голема табла пред говорницата на која доминираа пречкртаните ликови на премиерот Зоран Заев, на министерот за надворешни работи Никола Димитров и на 44. пратеници од коалицијата предводена од СДСМ што гласаа за Законот за употреба на јазиците, Македонци од САД денеска одржаа мирен протестен собир пред зградата на Обединети нации во Њујорк.

„И повторно ние Македонците го дигнавме гласот и кажавме дека сме тука и дома во Македонија и низ светот. Им воочивме на ОН да не ја прекршуваат сопствената Декларација за човечки права, а на денешната КВИСЛИНШКА Влада во МК да не ја распродава Македонија и националните интереси!“, напиша за собирот Македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси на својот профил на „Твитер“, на кој ги постави и фотографиите од протестот на плоштадот „Даг Хамаршелд“ во продолжение.

1 Коментар

  1. Браво! Секоја чест за Македонците кои на ваков начин протестираа пред ОН.

Comments are closed.