Заев за добрососедството пред бугарски политичари во Струмица

Македонскиот премиер Зоран Заев в петок во Струмица ќе учествува на тркалезна маса за Балканот во организација на бугарскиот Институт за политика.

Пред претставници на најголемите политички партии од Бугарија и други гости на форумот Заев ќе одржи предавање насловено „Добрососедство и општи хоризонти“, по кое ќе учествува и во дискусијата со нив.

Покрај премиерот, дел од овој настан од македонска страна ќе бидат и амбасадорот Андреј Лепавцов како претставник на Министерството за надворешни работи, како и струмичкиот градоначалник Коста Јаневски. Од бугарска страна е најавено присуството и на Моника Панајотова, заменик-министер за бугарското претседавање со Советот на Европска унија во 2018 година.

На форумот, кој ќе се одржи в петок од 10 часот во конференциската сала на хотелот „Вила парк“ во Струмица, ќе биде презентирано и последното проучување на Институтот за политика на тема „Бугарија и Македонија – толерантност на патот кон Европа“.

Оставете коментар