Заев им честита на ракометарите и им посака среќа и „многу голови“!

Премиерот Зоран Заев го прекина зимскиот одмор во Италија за да им упати честитка на најдобрите македонски ракометари за победата над Словенија на стартот на Европското првенство во Хрватска, посакувајќи им среќа и „многу голови“ понатаму.

„Одличен почеток на нашата репрезентација на Европското првенство во ракомет. Вие сте нашата гордост и заедно се радуваме на овој успех. Посакувам среќа и многу голови во следните натпревари со Црна Гора и Германија“, е пораката од Заев на неговиот профил на „Фејсбук“.

Уште пред да им честита премиерот, избраниците на селекторот Раул Гонзалес го послушаа и постигнаа „многу голови“ против Словенците, совладувајќи ги со 25:24 во првото коло од групата Ц во Загреб. Дали ќе имаат и среќа, ќе покажат следните два натпревара во групата од првиот круг против Црна Гора в понеделник и со европскиот шампион Германија в среда.

 

Оставете коментар