Loading...

Премиерот Зоран Заев изјави дека посакува Македонија и Грција во преговорите за спорот околу името да пронајдат решение, кое ќе ги зачува достоинството и идентитетот на двете страни.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со се позачестените иницијативи од грчка страна за менување на македонскиот Устав, Заев напомена дека сака да му даде шанса на преговарачкиот процес.
– Според мене, разговорите кои траат не приближуваат кон решение. Секако, не е лесно со пораките што се испраќаат во јавноста, се работи за сериозно прашања, кое 25 години не може да се реши. Не би давал детални коментари заради тоа што искрено посакувам решение на овој долгогодишен проблем, кој ќе го зачува достоинството и идентитетот на двете страни во преговорите, рече Заев.