Заев откри кој за него би бил добар за лидер на опозицијата

Новиот премиер, Зоран Заев кој синоќа во своето обраќање во Собранието пред гласањето за нова влада се осврна на сите забелешки од пратениците и одговори на скоро на сите нивни прашања го спомена и Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ кој предходно му испрати пораки за конструктивна опозиција но и будност.

Заев од собраниската говорница изјави дека Попоски „според дискусијата, би бил добар лидер на опозицијата“.

„ Од утре ќе почне нов период, кога ќе ве критикуваме. Оправдано или не, вие добро критикувавте. Господине Заев, сакам да ве потсетам дека доверба се гради чекор по чекор. Вие од почетокот покажавте дека сакате да избришете патос со демократијата, преку Собранието. Ве уверувам дека секоја ваша погрешна постапка ќе ве оддалечува од Македонија. Македонија не почнала со нас, нема да заврши со вас. Потребни ни се реформи во секој домен. Но, вие треба да покажете дека ќе прифатите критика. Нема да ви помине тоа дека ВМРО е криво за едно или друго. Ние од утре сме опозиција. Треба да ве поддржуваме во работите, а од вас ќе се очекува развој и човечна влада„, рече Попоски во Собранието. Потсетувајќи го Заев дека со години го блокираше Собранието, тој навести дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ќе биде различна, бидејќи има одговорност пред граѓаните. Тој го обвини Заев исто така дека програмата му е резултат на препишувања.“, порача Попоски кој предходно при повлекување од министерската позиција изјави дека информациите за негово преземање на ВМРО – ДПМНЕ се смислен план да се создаде раздор во партијата.

SHARE