Заев призна дека на преговарачка маса е и идентитетот!

Loading...

Премиерот Зоран Заев призна дека во разговорите со Грција за разликата за името на Македонија на маса е и македонскиот идентитет, одговарајќи на новинарско прашање што содржи нацрт-спогодбата изготвена од македонска страна.

„Во нашата нацрт-спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви меѓународни договори, затоа што формулациите во делот на името, употребата, широчината, идентитетските прашања, кодовите и слично, сè уште се на преговарачката маса. Така што, тие се ставени во разни форми, како што се ставени и од грчка страна. Повеќе станува збор за технички аспекти на формулацијата на договорот. Но, верувам дека на крајот, сепак, ОН се тие што имаат најсериозна меморија и искуство за вакви договори, затоа конечното решение го очекуваме токму од таму. Деталите нема да ги кажам затоа што, пред сè, се од технички аспект на организирање на структура на меѓународен договор“, рече Заев.

 

1 Коментар

  1. Izlishno e bilo shto da se kazhe edinstveno deka poradi suvoto ce gori i surovoto vlasta beshe podrzhana od Makedonskiot narod a i den denes ima golema podrshka pa zato neka si praaat cejfot dur se gore aa za posle koj e hiv

Comments are closed.