Заев: Република Македонија Вардар еден од нашите предлози

Loading...

Македонија предлага четири опции со цел да ги разреши децениските контроверзи со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев за Ројтерс, пренесуваат грчки медиуми.

Предлозите, според  Capital.gr“ биле: Република Северна Македонија, Република Македонија, Република Македонија Вардар и Република Македонија (Скопје)”.

Запрашан дали Грција ќе биде задоволна некоја од овие опции, македонскиот премиер одговорил: „Да, претпочитаат некои повеќе од другите“.

Според Зоран Заев, прашањето е сега дали постои „вистинска потреба“ за промена на Уставот на земјата, нешто што Грција го бара во последниве неколку месеци.

Во вчерашното интервју за Еуроњус, македонскиот премиер рече дека нема потреба да се менува Уставот, бидејќи „Уставот е акт за внатрешни правила“ без влијание надвор од земјата, па дури и дека некој друг во иднина би можел повторно да го промени.

Според премиерот, „секој (постигнат) договор ќе биде за меѓународна употреба и тоа ќе биде гаранција за двете страни“, бидејќи ќе има „највисока можна гаранција преку Обединетите нации“, пишувa Capital.gr.

Премиерот Заев вели дека е убеден дека ако со решението во спорот се зачува достоинството на граѓаните, ќе се одржи референдум и тие ќе го поддржат тоа.

Што се однесува до прашањето за употребата erga omnes, тој смета дека тоа значи примена од остатокот од светот за остатокот од светот.

Запрашан за идентитетот и јазикот, Заев вели дека „нема дискусија за идентитетот“, пишува Capital.gr.