Заев – Хан: Нема преговори со ЕУ без решено име, Заев очекува помош од Атина

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан одби директно да ја коментира изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас кој пред два дена ги потопи надежите на новата влада дека може да добие влез во НАТО со референцата ФИРОМ а потоа да течат преговорите за името.

„Никого не сакам да обвинувам затоа што сите работат на сопствениот национален интерес“, изјави по средбата со македонскиот премиер австрискиот диломат во врска со изјавата на Коѕиас.

„Во смисла на отворање преговори и поглавја ни треба консензус во ЕУ и од тоа не можеме да избегаме , потребно е сите земји членки вклучително и Грција да се согласи за тоа и затоа мора да најдеме решение“, изјави Хан во Брисел.

Според Хан постои тенденција за многу прашања работите да се гледаат од аспект на победник и поразен а ЕУ ќе се обиде да ги олесни работие во тој правец. Тој вели дека предходната влада работела на мерки за доверба со Грција, се работи за тема за која што не може лесно да се најде решение но ако се работи заедно ако се комуницира редовно на крајот е човечки да се најде решение.

Хан предупредува дека нема да биде лесно но тој е уверен дека може да се искористи новосоздадениот момент.

 

Гостинот на Хан македонскиот премиер Зоран Заев е убеден дека ако се има пријателски однос и добар пристап може да се најде решение. Пред да се сретне со Хан премиерот Заев во Брисел доби порака да соработува со ВМРО – ДПМНЕ.

– Македонија досега повеќе се занимаваше со европското минато а сега ќе се занимава со европската, иднина вели Заев кој во Грција гледа голем пријател кој може Македонија да ја запре 35 пати во сите 35 поглавја на патот кон ЕУ.

Заев смета дека ако Македонија им даде причина за пријателски односи на своите соседи вклучително и на Грција може да се очекува во најмала рака да се има позитивен амбиент во разговорите за името.

Предходно во текот на денот британскиот весник Фајненшл Тајмс објави сторија за името и можностите за негово решавање во контекст на НАТО и ЕУ.

 

SHARE