Закани и за Села : „Куршум во глава ќе ти дадам, полесно ќе бидеш ликвидиран тогаш“

По премиерот Зоран Заев, и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села пријавил во полиција дека добива закани на социјалните мрежи.

„Куршум во глава ќе ти дадам, куршум во чело, полесно ќе бидеш ликвидиран тогаш“ „Мора да бидеш убиен“, се само дел од заканите упатени до Села, за кои МВР веќе истражува.

Од неговата партија велат дека социјалните мрежи се преплавени од закани за лидерот. Претходно полицијата соопшти закани по живот добива и Заев.

Информираат дека се поднесени соодветни кривични пријави, а детектирани се шест закани по што е информиран и јавниот обвинител.

Оставете коментар