Законот за јазици пак го вжешти Собранието

Пратениците од власта денеска беа под жестока критика на опозицијата која го обвини парламентарното мнозинство дека сака набрзина да донесе неуставен закон кој што воопшто не бил во програмата на СДСМ како владеачка партија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат интервенции во законот со кои ќе се гарантираат правата на сите граѓани без разлика дали се под или над 20 отсто од населението.

За СДСМ со законот за јазици ќе се решат сите проблеми од 2001 година, 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според социјалдемократите законот е целосно во согласност со амандманот 5 од Уставот.

За ВМРО – ДПМНЕ е спорно и тоа што законот не се усвојува како системски закон за кој треба двотретинско мнозинство во Собранието.

На листата на пријавени пратеници за дискусија има над 50 членови на парламентот што најавува долга и исцрпувачка битка за носење на законот со кој што албанскиот јазик ќе стане официјален на цела територија на земјата.