Замина принцот на уметноста кој го меморираше човековото постоење

Во неговите слики, цртежи, релјефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат актери од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева се исто така живи во опусот на Георгиевски, како и светото тројоство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја во неговите дела потсетуваат на трагите на човековото постоење.

Владимир Георгиевски работел на сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.

SHARE