„Западен Балкан“ да стане „Југоисточни држави“

Loading...

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнејсл веќе не сака да го користи изразот „Западен Балкан“. Таа претпочита да зборува за „Југоисточна држави“, кога мисли на Албанија и земјите од поранешна Југославија, кои за разлика од Хрватска и Словенија, с’е уште не се полноправни членки на ЕУ.

Тоа се Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Сите тие имаат можност да станат членки на ЕУ еден ден, но Србија и Црна Гора имаат повеќе шанси да бидат прифатени од другите – не порано од 2025 година.

По распадот на Отоманската империја поимот „балканизација“ станува симбол на безвластие поради распадот на тогашниот политички поредок. Под „балкански“ се подразбира етнички конфликти, братоубиствени граѓански војни, религиозно оптоварен национализам, клиентелизам, зависност од странски сили, како и корупцијата и општата заостанатост“, го пренесува БГНЕС пишувањето на Ханс Винклер за „Дојче Веле“.

По завршувањето на југословенските војни од западната дипломатија Словенија веднаш беше прогласена за „западна“ и „европска“, иако во ниедна друга земја од поранешна Југославија старите комунистички структури во економијата, медиумите и политиката не останале на власт и до денес, како што е тоа случај во Словенија.

За другите земји од поранешна Југославија беше создаден поимот „Западен Балкан“.