Започна митингот за одбрана на името на Македонија

Пред просториите на Мисијата на Европската унија во Скопје, пред малку како што беше најавено, започна семакедонскиот протест за одбрана на името на државата и на идентитетот на нацијата.

Неколку илјади граѓани се одѕваа на повикот на организаторите да се каже јасно „не“ на натамошното продолжувањње на преговорите за разликите со соседсна Грција, спор кој веќе 27 години ја држи во изолација Македонија поради неприфатливите барања на властирте од Атина.

Во моментов на насобрание граѓани, од кои многумина и од другите градови кои успеаја да се пробијат и покрај замрзнатите коловози, им се обраќаат говорници кои побараа да се избегнуваат секакви провокации и да нема говор на омраза а митингот да помине во достоинствена атмосфера.

Тие ги повторија веѓе познатите барања што ќе бидат доставени до македонскиот државен врв и до странските амбасади опфаќаат.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави дека дека не е организатор, ниту дава поддршка за протестите за заштита на името, државата и идентитетот.

„Го почитуваме демократското, уставно загарантирано право на протест, не сме организатори, ниту, пак, стоиме зад нив. Кога партијата ќе организира протести, ќе ја информира јавноста и ќе ги повика граѓаните на масовност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спротивно на својата партија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и поранешен шеф на македонската дипломатија, преку видео порака од својот профил на „Фејсбук“ даде поддршка и го најави присуството на протестот.

Солза Грчева, лидер на новоформираната партија Глас за Македонија, ги повика сите импатизери, членови и поддржувачи „заедно да кажеме дека нема веќе распродажба. Заврши! Достоинствени, како што ни доликува. Не потпаѓајте на провокации, на лажни вести и спинови. Ќе нè има секакви, но едно е важно: во право сме“.

Владиката Агатангел потврди дека ќе учествува, но и покрај шпекулациие нема да го предводи протестот.

Како што е предвидено протестот од инфоцентарот на ЕУ ќе продолжи со марш преку булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Димитрија Чупоски“ до Собрание на Република Македонија.