Македонската “А” фудбалска репрезентација в недела навечер во Скопје игра со Шпанија во квалификациски дуел за СП во Русија. Со четири порази во пет средби ние сме претпоследни петти во групат Г, а Шпанците водат во нашата конкуренција и тоа без загубена средба, па со самото и тоа како голем фаворит доаѓа на нашиот најголем стадион.

“Играме добро, но до сега немавме и среќа. Со максимална борбеност може да ни се отвори шанса и да приредиме изненадување”, вели стоперот Ванче Шиков кој без дилема ќе се најде на удар на страшниот напад на црвенета фурија кој во претходните дуели во оваа конкуренција даде 19 гола.

Пред неделниот двобој на Телеком арената во Скопје (20.45), Македонија и Шпанија одиграле шест натпревара и во сите шест сме загубиле.

Инаку денеска има 9 средби, а ист број не очекуваат и в сабота и в недела. Сите во Европа се од квалификациите за СП во Русија следната година.

 

SHARE