Заразен од сида од Македонија силувал 82-годишна жена во Германија!

Loading...

Окружниот суд од Хамбург го осуди 29-годишниот Џенгис. Д од Македонија на вкупна казна од шест години затвор за силување, напад и кражба во процесот што ја згрози Германија, бидејќи обвинетиот заразен од сида силувал 82-годишна жена при извршувањето на делата од јули минатата година за кои се товари.

„Виновникот не е болен, само е зол“, рече судијата Георг Халер при изрекувањето на пресудата.

Настанот се случил на 8 јули 2017 година во Вилхелмсбург кусо по 8 часот, кога обвинетиот од Македонија сакал да посети пријателка по пијанчењето претходната ноќ за да отспие кај неа. Но, девојката не била дома, а тој забележал дека е отворена вратата од балканот на станот во приземјето и се качил преку оградата. Старата дама што живеела таму, облечена во бањарка, се обидела брзо да ја затвори вратата, но натрапникот бил посилен и повторно ја отворил. Ја турнал старицата на подот во дневната соба и ѝ ја затворил устата за да не се слушаат нејзините врисоци. Жената болна од астма се задушувала, па тој ѝ го додал спрејот за астма, по што таа си ја вратила силата.

Тогаш за неа почнало незамисливо страдање од шеесетина минути. Иако знаел за својата болест од 2014 година, монструмот ја силувал старицата пет пати во различни простории од станот и во тоалетот, не осврнувајќи се на нејзините прашања одново и одново: „Зошто го правите тоа со мене стара жена?“. Таа претрпела тешки хематоми и повреда на рамото и до денес не е закрепната од гнасниот чин, а морала да помине и низ долга ХИВ-профилакса.

По злосторството напаѓачот ѝ украл сто евра и за да ја заташка трагата ја излажал дека е бегалец од Сирија. Но, тоа не му помогнало, бидејќи бил уапсен два дена подоцна благодарејќи на трагите од ДНК и на отпечатоците од прсти.

„Целото злодело е одвратно“, заклучи претседавачкиот судија.