Loading...

Девојките на Дибирова и Парондо го победија вечерва во Скопје Битигхајм со 30-22 и го заверија посакуваното прво место во групата 2 од ЛШ. Во лесен дуел Германките овој пат успеаја да издржат подолго и да ја одржат неизвесноста, до 20 минута кога прв и единствен пат го стасаа нашето почетно и не преизразено водство, а дури по 7-7 црвено црните тргнаа и влегоа во серија која уште на полувремето ни овозможи лагодни 13-8.

Очигледната разлика во квалитет, во решенија, во можност со измени да се одржува висок ритам во продолжението ни овозможи постојано висока разлика која пет пати достигнуваше 9 разлика, но не стана двоцифрена. Мечот во Скопје беше добра можност и за атракција, па навивачите уживаа во средбата во која Лекиќ беше наш најдобар стрелец со 8 гола, а Лејно повторно беше феноменална со двоцифрен број одбрани.

По победата на ЖРК Вардар против Битигхајм од 30-22 скопјанки го добија тоа што го сакаат и се зацементираа како први во групата 2, без оглед на игрите на Мец. Тоа, пак, ширум ни го отвори патот кон нов Фајнал форот во Будимпешта во мај затоа што во четвртфиналето Вардарки ги избегнуваат двата последните европски шампионa, Ѓер и Букурешт, и рускиот Ростов, и ќе играат со далеку полесен противник, Никобинг, Крим или Митјиланд.