Извиси ли затворениот Бетмен Велит, не се спомнува во ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Нема информација дека архитектот Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен Велит, е повторно избран за дел од раководството на најголемата партија во Македонија.

Јавноста очекуваше дека во знак на поддршка и солидарност Илиевски, кој е во притвор за настаните од 27 април, ќе биде дел и од новиот Извршен комитет, откако лани првпат стана дел од него.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот Извршен комитет по предлог на претседателот Христијан Мицкоски.

Во Извршниот комитет се претседателите на општински комитети Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

Во ИК влегуваат и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.