„Зашто су ти косе побелеле друже“ – Тамара, екстерно, здравство и пеколот на Тодоров

Поранешниот министер за образование, потоа и за здравство а сега и екс пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во политиката влезе со темна коса а сега од собранието заминува со речиси побелена коса која што е поприкладна за некој што има над 50 години.
Случајот со малата Тамара која што почина на денот кога Фондот за здравство донесе одлука за финансирање на нејзиното лекување, екстерното тестирање кое што стана ноќна мора за учениците и нивните родители и низата други скандали во здравството му предизвикаа многу грижи на 38 годишниот скопјанец роден во 1979 година кој на 30 години стана министер за образование и наука.
Каратистот со црн појас по низата ПР чекори од кои најпознати беа еднонеделниот престој во Штипската болница и ненајавените посети и проверки во неколку клиники и поликлиники низ Македонија на најлош можен начин виде колку променлива работа  e политиката.


Некогаш најпопуларниот министер на Груевски од собранието заминува со тешко бреме на министер за здравство и со грижа на совест затоа што меѓу другите скандали во негово време се зголеми смртноста на новороденчиња до фрапатно ниво.
Од тоа дали Тодоров ќе ја продолжи политичката кариера или ќе започне со адвокатура како што најави во оставката објавена на фејсбук ќе зависи и дали тој ќе го врати мирот кој што го имал пред влезот во политиката.


Кариерата на Тодоров на симболичен начин ни ја потврдува поговорката „Денес си цар а утре говедар“. Тој е најдобар начин да се види како за една деценија еден од најпопуларните министри може да се претвори во еден од најомразените политичари во земјата.

foto: sdk.mk
Од неговиот пример можат да учат и тие што ќе го наследат и новите министри што стапуваат на сцена денеска.

автор: Радован Четврти

SHARE