За актерот Кирил Поп Христов, Македонија може да се вика и Дизниленд!

Loading...

Ставот на македонскиот актер Кирил Поп Христов за името на државата Македонија од која замина за Еквадор пред 3,5 години, а дојде во средината на декември за да види дали има можност да се врати, осамна и на страниците на „Вол Стрит џурнал“.

„Ако луѓето можат да живеат подобро, не ми е грижа ако ја викаат и Дизниленд“, е изјавата на 50-годишниот актер со прекар Кили во анализата „Што има во името? За Македонија, членство во Западот“, објавена во денешниот број на реномираниот американски весник.

Два дена откако се врати во Македонија, пак, Поп Христов во емисијата „Ноќно студио“ на телевизија Телма рече: „Ми недостига Македонија. Ја сакам оваа земја. Оваа земја ме создала, ме изнедрила. Парче душа имам овде“.

По заминувањето за Еквадор едно време објавуваше статуси на „Фејсбук“ на српски јазик.