За албанскиот како втор службен јазик гласал и Србинот Јовановиќ!

Мирослав Јовановиќ, претседател на Српска странка во Македонија, е еден од 24. пратеници од немнозинските заедници што денеска гласале за Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува службен на целата територија на државата.

Дипломираниот машински инженер роден во велешкото село Иванковци, а живее во Куманово, стана пратеник од редовите на коалицијата предводена од СДСМ откако Оливер Спасовски стана министер за внатрешни работи во Владата на Зоран Заев.

Според собранискиот листинг, меѓу 64. пратеници што гласале за законот се и: Џевад Адеми, Ејуп Алими, Петар Атанасов, Али Ахмети, Амди Бајрам, Теута Биљали, Анета Симеска-Димоска, Павле Богоевски, Костадин Ацевски, Диме Велковски, Артан Груби, Мерал Узеири-Ферати, Сашко Атанасов, Лидија Тасевска, Агим Муртезанов, Милева Ѓоргиева, Мирсада Емини-Асани, Фадил Зендели, Мухамед Зекири, Енес Ибрахим, Реџеп Мемеди, Панче Иванов, Реџаил Исмаили, Ристе Ташев, Алија Камбероски, Неџбедин Карамани, Ѓулумсер Касапи, Александар Кирацовски, Бетиане Китев, Далибор Богдановски, Сашко Костов, Катерина Кузмановска, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, Хари Локвенец, Бранко Маноиловски, Никица Корубин, Весел Мемеди, Горан Милевски, Соња Мираковска, Горан Мисовски, Јован Митрески, Јулијана Николова, Бети Рабаџиевска-Наумовска, Илија Николовски, Самка Ибраимоски, Костадин Костадинов, Татјана Прентовиќ, Сурија Рашиди, Чедомир Саздовски, Кети Смилеска, Славица Шуманска-Митева, Ирена Стефоска, Мира Стојчевска, Фросина Ташевска-Ременски, Благојче Трпевски, Томислав Тунтев, Шпреса Хадри, Јусуф Хасани, Талат Џафери, Агим Шаќири, Јагода Шахпаска и Татјана Лалчевска.

Пратениците од СДСМ и од владеачката коалиција Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегџиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот, за кој не гласале ниту лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ниту Африм Гаши од БЕСА.

За законот гласале независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам, кои беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.