За Артим Шаќири Западна Македонија е Источна Албанија!!!

Некогашниот капитен на македонската репрезентација и омилениот играч на навивачката група Комити на скопски Вардар Артим Шаќири испрати грда Божиќна честитка.

Иако постои теоретска можност тој погрешно да е интерпретиран од албанските медиуми, со оглед на тоа што цел ден од него нема демант Шаќири дал некоректна изјава со која не само што ги навредил граѓаните на Македонија туку сторил и кривично дело.

Според неговата изјава за албанските медиуми Шаќири зборувајќи за Западна Македонија односно делот од земјава каде што доминираат Албанците, ја нарекува Источна Албанија

“Да кажеме право во Македонија има многу албански таленти, кои остануваат само таленти, бидејќи нема клубови во кои ќе се натпреваруваат. Ги советувам клубовите од албанската Супериор лига да бидат ориентирани на останатите, од источниот дел на Албанија. Таму може да најдат таленти, бидејќи има многу”- ја пренесуваат изјавата на Шаќири албанските медиуми.

Ако Шаќири кој важи за коректен спортист и активист за толеранција и соживот навистина го изјавил тоа, тој не само што ги разочара спортските фанови туку свесно или несвесно директно се вклучил во големоалбанската агенда за која половина Македонија е дел од Голема Албанија.

1 Коментар

  1. И источна Албанија и западна Бугарија и северна Грција е 100Х поарно од јужна Србија, лајна проклети јужнобановински!

Оставете коментар