За видео надзор и 4 компјутери потрошени 2,5 милиони евра државни пари

Јавна набавка во Дебарскиот суд кој е еден од најмалите во земјава чини фантастчни 2,6 милиони евра.

Според официјални документи на владиниот систем за јавни набавки за набавка на опрема за видео наздор, компјутери и друга опрема во судот во Дебар бил постигнат договор од над 162 милиони денари.

Договорот е постигнат лани на 25 декември на 6 дена пред нова година а требало да биде спроведен до 19 март оваа година.

Договорот вреди точно 162,900,000 денари или фантастични 2,649, 780 евра што е највисока сума некогаш договорена за ваков вид јавна набавка во Македонија.

За овие пари од локална фирма судот требало да добие систем за видео надзор, 4 компјутери, три печатачи, и еден фотокопир.