За Грците, Македонија е емоција, но, пред сè, бизнис (ФOTO)

Враќањето на прашањето за името во фокусот на македонската, грчката и дел од меѓународната јавност дел од Грците го искористија за бизнис.

Одеднаш на интернет се појавија производи со името Македонија и ѕвездата од Вергина (Кутлеш).

Цените на маичките, капите и чашите за кафе се неколкупати повисоки од редовните ама кога се работи за нацијата цената не е важна, трговците тријат раце.

Така, на пример, една капа која редовно е со цена од 2 долари сега се продава по 15 долари.