За една недела да се најде решение за Законот за јазици, бара Џафери

Во емисијата „200“ на ТВ Алсат, спикерот на македонскиот парламент синоќа изјави дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците, но бе  без разгледување на 35-те илјади амандмани поденесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал тој како претседател биле исцрпени.

На вчерашната седница некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот ако тоа го крши Деловникот и се согласуваат да има амандманска расправа.

Пратеничката група на ДУИ, наводно се налутила на колегите од СДСМ, но и натаму инсистира на брзо гласање за „Законот за двојазичност“ без никаква расправа за амандманите..

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ не отстапуваат од 35 илјади амандмани и инсистираат на дебата за законот кој според нив е противуставен.

Пратениците на СДСМ се согласуваат да го гласаат Законот без отфрлање на амандманската расправа односно не сакаат гласање ако со тоа го кршат Деловникот.

Доколку Собранието навистина расправа по амандманите предложени од опозицијата на пратениците ќе им бидат потребни најмалку 6 месеци за да дојдат до гласање.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија, дека причина зошто не почнала вчераната седница е поради „проблем“ што настанал помеѓу ДУИ и СДСМ.

Comments are closed.