Во денешен коментар на атински „Катимерини“ насловен како „Облаци надвиснуваат над преговорите со ФИРОМ“, авторот Василис Недос вели дека шефот на македфнската дипломатија, Никола Димитров  е „член на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ“.

Не е јасно дали се работи за (не)намерна грешка или за непознавање, но овој „превид“ е направен во коментар во кој се изразува незадоволство од некои изјави на министерот Димитров.

„Само неколку дена пред министерот за надворешни работи, Никос Коциас, да замине за Скопје, падна сенка на преговорите за решавање на спорот околу името помеѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, откако се дозна дека неговиот колега, Никола Димитров, наводно, за време на неговите контакти со официјални претставници на Европската унија ги опишал позициите на Грција дека се граничат со „апсурд“, пишува Недос.

Според дипломатски извори, се тврди во коментарот, забелешките на Димитров не биле примени добро во Атина.

„Не се заборава во Атина, дека Димитров, кој е член на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, исто така е дел од кревката коалиција под водство на социјалистот Зоран Заев и дека неговата реторика е насочена кон домашна публика“.

Министерот Никола Димитров не е и никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ.

1 Коментар

  1. НАШЕ ИМЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД РЕГИОНОТ? НАША НАЦРТ СПОГОДБА ПРЕДВИДУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!

    Димитров да научи разлика меѓу Дражава и Регионот

    Димитров рече: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”

    1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт.

    2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници.

    3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија.

    Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.

    Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. (Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери)).

Comments are closed.