Заев и пред Јункер рече дека му е прифатлива географска одредница (ВИДЕО)

Спорот за името со соседна Грција да се реши со ново име кое ќе вклучува географска одредница ако тоа е трајно решение за затворање на долгогодишниот проблем, е прифатлива опција за македонскиот премиер Зоран Заев.

На денешната прес-конференција со претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер, премиерот уште додаде: „Укажав дека во напорите за унапредувањето на добрососедските однос е во фокусот, преку отворен дијалог ставаме акцент на меѓусебно почитување. Затворањето на долгогодишните отворени прашања не е лесно, бидејќи е важно и за нашите граѓани. Со Ципрас работиме посветено на затворање на долгогодишниот и мачен проблем, решение на спорот со името“, рече премиерот Заев.

Тој рече дека веруваме во вредностите на ЕУ, повеќе од некои земји членки на ЕУ.

„На Европа можеме да ѝ дадеме многу. Земјите-членки треба да знаат дека од Македонија ќе добијат многу, а нема да изгубат ништо“, кажа Заев.