Собранието денеска ја продолжува шестата седница на чиј дневен ред како петта точка е разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Деновиве прикриено, а полека и отворено дел од оние што се блиски до оваа област ги промовираат своте кандидатури.

“Амбиции за наследник на Зврлевски немам, но да станам јавен обвинител имам. Со години зборувам кога сите молчеа за сето она што не чини во судството и обвинителството” вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во изјава за „Плусинфо“ и потврдува дека тој биде еден од кандидатите за Јавен обвинител на Република Македонија.

Во истовреме во интервју за Макфакс, поранешниот јавен обвинител и судија, а сега адвокат Александар Наков вели дека ќе влезе во трката за избор на републички обвинител. Според него, идниот jавен обвинител треба да биде личност со интегритет, авторитет и одлучност во борбата со криминалите во последнава деценија. Тој додава дека не смее да се бира партиски кадар