Зехофер: Исламот не ѝ прилега на Германија

Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер објави дека исламот не ѝ прилега на Германија, а оваа позиција го конфронтира со канцеларката Ангела Меркел, која ја истакна потребата од интеграција на муслиманите во земјата, пренесе „Ројтерс“.

Зехофер се подготвува да спроведе редица „тврди“ политики во однос на имиграцијата, откако новата владејачка коалиција се подготвува да се справи со растечката закана од страна на десничарската партија „Алтернатива за Германија“, која за прв влезе пат во Бундестагот по федералните избори минатата година.

„Исламот не припаѓа на Германија“, изјавил Зехофер за „Билд“.

Според германската влада во земјата живеат меѓу 4,4 и 4,7 милиони муслимани. Многу од нив имаат турски корени, а повеќе од 1 милион се мигранти кои пристигнаа во земјата од Блискиот Исток и од другии земји, откако Меркел зазеде политика на отворени врати кон мигрантите во средината на 2015 година.