„Законот предвидува санкции во случај на негово непочитување. Значи, доколку постои волја и не се спроведе, санкциите се тука и тие ќе ја натераат институцијата, носителот на функцијата, органите на државна власт да го имплементираат и спроведат Законот“, вели експратеникот и правен експерт Насер Зибери.

Во изјава за Алсат-М тој појаснува дека спроведувањето на една законска норма зависи од два фактора: политичката волја на носителите на државната власта и нормите на санкционирање.

„Мислам дека овие два услова сега се исполнети. Постои волја за да се реализира имплементирањето на овој закон, бидејќи во спротивно немаше ни да се донесе, имајќи ги предвид сите овие спротивставувања на кои наиде во сите фази на овој закон“, кој, според него, ја унапредува употребата на албанскиот јазик.

 

Оставете коментар