Ниту телефонскиот разговор, ни молбата дека Кристијано Роналдо им треба и нему и на Реал Мадрид, не помогнала, па Зинедин Зидан сега може само да следи како неговиот, но и светски најдобар играч си заминува од местото на кое освои три титули од Лигата на фудбалските шампиони. Кристијано е лут што шпанскиот суд ќе го гони за затајување на данок во висина од 14.7 милиони евра, а е исплашен дека можеби нема да има попуст како Лионел Меси кој за сличен прекршок се извлече со условна казна.

Лавината околу демисионирањето на најдобриот фудбалер на светот ја отвори во петокот португалската А Бола, ја продолжија шпанските АС и Марка, по што и играчот веќе не издржа и соопшти дека се е точно и дека тој си заминува од Сантијаго Бернабе.

Главен кандидат за ангажирање на Роналдо е неговиот поранешен клуб во Англија Манчестер Јунајтед кој, наводно, веќе добил инструкции од тренерот Жозе Мурињо да направи пакет во кој би биле вклучени и неговиот голман Давид Де Геа, но и напаѓачот на кралевите Алваро Мората. Целиот аранжман би тежел 200 милиони евра и би претпоставувал дека Реал ќе има нов голман, но затоа Јунајтед би добил страшен напаѓачки тандем.

SHARE