Златниот ловоров лист од круната на Наполеон Бонапарта, кој го носеше додека беше светски император беше продаден на аукција во Париз за 625,000 евра. Аукциската куќа „Осенат“ објави дека продажната цена е повисока од претпоставената сума од 100.000 до 150.000 евра.

Листот беше еден од шестте исечени од круната непосредно пред крунисувањето на Наполеон во 1804 година, бидејќи тој сметаше дека е премногу тешка.

Златарот Мартин Гилјем Бијенис преостанатите лисја им ги подари на своите ќерки додека еден примерок остана во неговото семејство до ден денеска.

Претходно листот што бил носен за време на крунисувањето, а подоцна отстранет од круната, бил продаден за 80.000 франци пред осумдесет години.

Оставете коментар