Зошто владата не го продаде скапиот мерцедес, прашува опозиција

 

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањето од СДСМ според кое екс владата купувала скапи возила додека полицајците биле гладни и голи вели дека додека тие раководеле со МВР биле реализирани стотици проекти за подобрување на условите за работа на полициските службеници што придонесло за поголема ефикасност и десетици успешни акции за сузбивање на криминалот.

Според ВМРО – ДПМПНЕ состојбата во која што се наоѓа блиндираниот „мерцедес“ најдобро покажува како СДСМ се грижи за државниот имот. Токму владиното мнозинство го води Министерството за внатрешни работи скоро цела година и нивна е одговорноста за состојбата во која што се наоѓа возилото, вели партијата во соопштението во кое одговорноста за употребата на возилото веќе една година е во рацете на владиното мнозинство.

„Нивна е одговорноста дали во вакво возило би ги превезувале високите делегации кои би доаѓале во Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки“ стои во соопштението во кое се наведува кои странски гостите досега се возеле со „мерцедесот“.

Опозицијата преку соопштението и фрла ракавица на СДСМ и повикува доколку е непотребен, мерцедесот веднаш да биде продаде.

Премирот Заев во изјава пред неколку дена најави дека мерцедесот кој што чини околу 600 илјади евра може да биде продаден за не повеќе од 400 илјади евра.

 

SHARE