Ибрахими: Не се менува име туку се крсти безимена држава

Албанскиот аналитичар Али Ибрахими го прашува медијаторот Метју Нимиц, зошто со предлозите за промена на уставното име на државата преку додавките “Горна, Северна, Нова, Вардарска, Скопје” ги дискриминира Албанците во Македонија.

-Значи, не постои логика за нас Албанците да има додавка во новото име од предложените, бидејќи е тенденциозно и дискриминирачко. Зошто ја навредувате интелигенцијата на албанскиот народ од ПЈРМ преку вашите сугестии со недвосмислени, дискриминирачки налепници? Зошто не кажете дека не се менува име, туку се именува земја која нема име?, прашува Ибрахими.

Тој нагласува дека и Нимиц треба гласно да каже оти процесот со решавање на името е зделка во која се засегнати Албанците, но без да присуствуваат на пазарењето.

SHARE