Иванов го крши Уставот, вели премиерот Зоран Заев

„Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише Законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и, секако, институциите немаат право да дозволат тоа да се случи.

Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлак – да не се дозволи законот да живее поради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор“, изјави премиерот Зоран Заев денес, одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа.

Македонскиот премиер, како што пренесува НОВА ТВ вели дека „сите ќе видат оти нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата“.

 

SHARE

Comments are closed.