Иванов и Вучиќ во конфликт со Тачи и Нишани

Српскиот претседател Александар Вучиќ за Ал Џезаира открива дека за време на вчерашниот состанок на балканските лидери во Брдо кај Крањ дошло до оштар вербален судир меѓу него и македонскиот претседател Иванов од една страна и „албанските претставници“ од друга страна.

Според Вучиќ во вербалната расправија дошло до размена на „тешки и остри зборови“ со претставниците на Косово и Албанија, но тоа според шефт на српската држава е подобро од варијантата во која вербалниот конфликт ќе се префрли на улица.

Според него по состанокот во Словенија јасно е дека во регионот нема љубов но постои потреба да се раговара и да се чува мирот и стабилноста.

Вучиќ како што пренесува Ал Џазеира не памети толку остра и тешка дискусија со косовскиот претседател Хашим Тачи во која тој заедно со Иванов недвосмислено покажале што е вистината за однесувањето на Косово во врска со идејата за Голема Албанија

„Се обидоа да кажат дека сето тоа е измислица на Белград и морам да кажам дека македонскиот претседател Иванов во целост ги поддржа сите аргументи и беше многу оштар така што некому му изгледаше дека правевме блок меѓу Србија и Македонија против двајцата албански претставници што не е беше точно“, изјавил Вучиќ.

Според него најважно е што сите добро разбираат дека проблемите мора да се решаваат со дијалог.

„Подобро да разговараме на ваков начин отколку конфликтот да се префрли на терен. Во регионот нема љубов иако Брисел зборува за љубов меѓу балканските држави, разликите се огромни и добро е што германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер имаше прилика да слушне различни аргменти“, смета српскиот претседател.

 

SHARE