Иванов мора да го потпише законот, вели Џафери

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прекрши уставните одредби доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците, вели спикерот на македонското собрание.

Според Талат Џафери,  членот 75 од Уставот е јасен, односно дека по повторно гласање со мнозинство гласови во Собранието, претседателот е должен да потпише указ за прогласување на закон.

Тој одби да ја коментира најавата за кривична пријаваод опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ни што ќе се случува доколку Иванов да не го потпише законот.

2 Коментари

Comments are closed.