Иванов ќе промовира книга, Џафери станува врховен командант

Претседателот Ѓорге Иванов в петок ќе оди во Полска да ја промовира неговата книга „Пораките на Свети Климент Охридски“ на Саемот на книга во Варшава, дознава sdk.mk.

Спикерот Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов се единствени двајца легитимни функционери во земјата. Владата и премиерот Емил Димитриев се технички за спроведување избори, а нелегитимни се и градоначалниците, бидејќи им е истечен мандатот. Во отсуство на Иванов, според Уставот, претседател на државата, кој е и врховен командант на АРМ, го заменува претседателот на Собранието.

 

Народната универзитетска библиотека, која го организира македонскиот штанд на Саем на книга во Варшавa, потврди дека таму ќе се промовира книгата на Иванов.

Официјална потврда за патувањето, кое се поклопува со истекот на уставниот рок да го додели мандатот за состав на влада, нема од Кабинетот на Иванов, бидејќи службите со месеци не дигаат телефон. Претседателот Иванов по втор пат има уставен рок, овојпат до 19 мај да му го даде мандатот на Заев, но сега и да не го даде, од парламентарното мнозинство најавија дека ќе формираат влада и без негова согласност.

SHARE