Најдобриот македонски возач Игор Стефановски денеска имаше две извонредни возења во трките од ЕТЦЦ шампионатот во Германија. Иџе во првиот натпревар  во познатиот мото комплекс беше втор, а во следната трка го освои првото место.

 


Во воведниот настан Иџе тргна како четврти, позиција обезбедена од квалифиакциите по што, во текот на натпреварот успеа да скокне третото место, а некаде пред целната линија и да го мине Португалецот Мота, и да заврши како втор, веднаш зад Чехот Фулен.

Во втората трка Стефановски стратуваше како седми, но беше неверојатно брз, што му овозможи да ги одминува конкурентите, а некаде пред крајот во прилог му одеше и механичкиот проблем на, до тогаш водечкиот Швајцарецот Рикли.
Со само два настапа во Ниргбургринг Иџе освои 18 поени, по што се наоѓа меѓу водечките во Европскиот шампионат.

SHARE