Идеален Македонец: Протестирал против сите партии и лоши политики

Loading...

Мартин Стефановски е прототип на идеален Македонец. Никого не мрази, ги сака луѓето ама не се помирува со неправда.

Мајка му загубила работа во време на СДСМ тој бил набркан од ВМРО – ДПМНЕ.

Протестирал против промена на име и закон за јазици но и за Мартин Нешковски и аболицијата на Иванов. Ги организирал протестите против Талат Џафери за министер за одбрана. Добил кривична пријава и останал без пасош.

Секогаш го води чувството за правда. Секогаш ќе бара одговорност. Никогаш веќе нема да гласа за двете најголеми партии.

Преку социјалните мрежи ја раскажува неговата лична приказна:

Во 2008 бев до Бетмен на Плоштад Пела на Протест Против Промена на Името. Го лепевме цел град со плакати кои ги плаќавме од сопствен џеб. Никој не застана зад нас. Двете најголеми македонски партии тогаш под водство на Црвенковски и Груевски се согласија Македонија да се преименува во Република Македонија-Скопје. Се чекаше Грција да се согласи за да станеме членка на НАТО на самитот во Букурешт. Среќа Бакојани не прифати, името остана.

Во 2010 дипломирав на факултет но не барав тука работа не ја ни земав дипломата веднаш заминав во странство, за да направам некој денар

Во 2013 дојдов во Македонија, ДПМНЕ го постави Талат Џафери за Министер за Одбрана. Јас ги направив Протестите против Талат Џафери, мислејќи дека не бива некој кој дезертирал од армијата и убивал македонски војници сега неа да ја води и да е задолжен за редот и мирот на граѓаните на оваа држава. Имаше инциденти. Ме притворија во ПС Пролеќе напишаа кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир иако јас бев оној кој ги бранеше полицајците да не ги маваат и пљукаат. Ми одземаа пасош. Изгубив работно место во странство и плата од 1800 долари.

Во 2014 се вработив како водич едукатор и потпишав договор на определено време во Археолошкиот Музеј Скопје.

Во Март 2015 година протестирав за Тамара за Нешковски за Студентите бев предупреден од директорката Честоева, но не престанав со протестите и поради тоа во јули го изгубив работното место во Археолошкиот Музеј на Македонија. Од сите месеци на работа земав само две плати, другите не им ги ни побарав, не им ги ни барам.

Во Август 2015 кривичната пријава за нарушување на јавен ред и мир беше отфрлена ми го вратија пасошот, веќе следниот месец пак заминав да работам во странство.

Во новава 2018 година ќе се придружам на протестите против законот за јазиците со кој се нарушува унитарноста на оваа држава и се подкопуваат нејзините темели.

Утре ако затреба ќе одам и на протести за името…

Одговорност ќе барам секогаш. Зошто? Бидејќи за време на приватизацијата мојата мајка ден пред да ја отпуштат од МЗТ се качи на покривот на својата компанија да им каже на своите нови газди дека ги уништуваат животот и иднината на нејзиното семејство, бидејќи во 2001 мојот брат замина во војна а мојата мајка секој ден плачеше и се нервираше залепена пред екранот на телевизорот чекајќи вести за својот син

Ете затоа ќе барам одговорност.

И само уште едно ќе ви кажам

Пиштол на чело да ми ставите нема да гласам ниту за едните ниту за другите бидејќи се гробари на оваа држава.